(ВИДЕО) Шилегов: Република на иста адреса со фирмата од Белизе на кумот на Груевски

Од:

Фирмата “Прва Република ДООЕЛ“, која преку неделникот „Република“ за три години зела речиси 900 илјади евра од државата е на иста адреса со „Сирах лимитед“ од Белизе, чиј управител е кумот на Никола Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Вистината за Македонија откри дека „Сирах лимитед“ беше фирмата преку која Груевски доаѓаше до овие парцели на Водно, за коишто нарачуваше промени на урбанистички планови, потпорни бетонски ѕидови, рече Шилегов.

Тој вели дека сега е уште појасно зошто Никола Груевски 55 дена молчи за милионите на Курир, Република, Радио Слободна Македонија исто како што молчат и институциите.

– Медиумскиот мрак, пропаганда, виртуелна реалност што не постои е платена со парите на граѓаните. Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми и не прифаќа европски закони за медиумите, рече Шилегов.

Тој додаде дека сопственик на „Прва Република ДООЕЛ“ е фирмата „Ирсине лимитед“ од Белизе.

Шилегов на новинарските прашања одговори дека теренските излегувања кои ги најави СДСМ не се припреми за избори и додека не се договорат медиумите и не се прочисти Избирачкиот список, тие на избори нема да излезат.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел