(ВИДЕО) Шилегов: Еве докази за медиумска корупција пред изборите

Од:

„Денеска објавуваме уште еден доказ зошто претседателските и парламентарните избори беа нерегуларни и како владата ги корумпира медиумите.

Владата на Никола Груевски со пари на граѓаните ја контролира уредувачката политика на медиумите. Еве зошто телевизиите Сител, Алфа и Канал 5 оркестрирано ја напаѓаат опозицијата, и исто толку едногласно одработуваат за власта“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Над 129 милиони денари или 2 милиони евра народни пари Владата на Груевски ги употребила за пропаганда во свој интерес, пред изборите.

Владата на Груевски исплатила над 55 милиони денари или околу еден милион евра на Сител, Алфа и Канал 5.

Парите Владата ги префрлила на телевизиите, според овој документ, на 17-ти и 18-ти март, само 10 дена по распишувањето на парламентарните избори, и тоа:

– Над 35 милиони денари или околу 600 илјади евра на Сител телевизија,

– Над 14 милиони денари или околу 230 илјади евра на Алфа и

– Над 5 милиони денари или околу 90 илјади евра на Канал 5.

Дополнително, во истиот период, пред изборите, уште над 1 милион евра Владата исплатила на маркетинг агенции и други правни субјекти, соработници на власта.

Ова е уште еден доказ дека е потребна регулација на медиумите и итно одвојување на партијата од државата, за што зборува не само СДСМ, туку и Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР.

isplati Vlada mediumi na 17.03.2014 isplati Vlada mediumi na 18.03.2014

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски