(ВИДЕО) Шеќеринска: ВМРО-ДПМНЕ со заштитен грчки сведок го уби своето дете

Од:

„Се сеќаваш ли Илија на Љубе Бошкоски? Се сеќаваш Влатко на аеродоромот кога бацуваше земја? Одевте до Хаг, се колневте, срце, крв, се што треба за брат Љубе. Печалевте на човек кој беше во затвор. Се врати овде, ви ја затресе столицата и го затворивте“, им се обрати Шеќеринска синоќа на Илија Димовски и Влатко Ѓорчев на Комисијата за финасии и буџет.

„Хаг го ослободи, вие го затворивте, во оној лошиот затвор. Десет пати полош, тие од Хаг го ослободија. Љубе ви беше генерал, Љубе генералот, лавовите на Љубе. И како сите лоши револуционери моравте да го убиете своето дете, со заштитен грчки сведок. Е браво, најетички, најпатриотски од ваша страна“, рече таа.

Шеќеринска кажа дека заканите секогаш биле стилот на оваа партија.

„Во 2002 година вака се закануваа како Илија Димовски сега. Ќе му кажам на „Мачето“, велеа. Во Прилеп, кога беа Перо Гошев и Бранко Црвенковски чекаа некој да пука во нив“.

Шеќеринска им кажа дека се лицемерни, и секогаш се додворуваат на тој што е лидер на партијата.

„Вие ли го мразевте Љубчо, не му верувате? Во кое ВМРО-ДПМНЕ влеговте тогаш? Кога вие Илија Димовски и Влатко Ѓорчев се спротивставивте со пола збор на Љубчо Георгиевски? Не, не, вие викавте „Браво Војводо“.

Кај беа тие јунаци кои се спротивставија на Љубчо Георгиевски од 1998 до 2002 година? Браво шефе Цар си, и после бегај си од тука. Демократијата со Љубчо е демократија со Никола, тогаш барем се дискутираше.

Во кого се крстевте, во ВМРО-ДПМНЕ влеговте за Ставрески и Груевски или пак за Љубчо? Ред се редевте да го поздравите Љубчо Георгиевски“, рече Шеќеринска.

Шеќеринска објасни дека не е точно тоа што сега Димовски го тврди.

„Кога сфативме каква политика тера Љубчо Георгиевски му се спртивставивме“, го цитираше таа Димовски.

„Е како му се спротивставивте, па тој сам замина, му ја даде партијата на Груевски. Многу му се спротивставивте, браво колку сте храбри“, му рече таа.

Таа на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им кажа дека уште понеетички е да зборуваат за криминали, а не погледнале во скапите вмровски дворови на Водно и елитните населби околу Скопје.

Таа на Илија Димовски го праша од каде му е толкава имотна состојба, и со кој бизнис се има занимавано пред да стане пратеник? Дали парите му се откако стана пратеник?

„Замислете Илија Димовски се гледал со своите другари. Значи, колку е тој добар човек! Зошто правите фама од тоа?“, рече Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ