(ВИДЕО) Шеќеринска: Виновни ли се пратениците кои како стока беа извлекувани?

Од:

Груевски мисли дека кога ќе седне некој со него, мора неговиот став да го прифати, вели Радмила Шеќеринска во интервју за Тера ТВ.

Груевски, вели не прифаќа ултиматум но и преговори за суштински преговори.

Не е виновен тепачот туку тепаниот зошто кажал дек а е тепан. Виновна сум јас, зошто ме влечеле. Виновни се пратениците кои како стока беа извлекувани. Зарем мислите пратениците во Советот на Еврпа не видоа што се случи, вистината излезе на површина. ВМРО се единствените кои рекоа дека она што сите го виделе не се случило. Зошто ги исфрлија новинарите? За да не види јавноста што се случи. Да не беа Маринела Тушева и Панче Орцев, тие ќе тврдеа дека ние со пушки сме излегле. На камера се глед а дека пратениците се жртви, изјави Шеќеринска.

Секој сака, вели Шеќеринска, институциите да функционираат како што треба. Опозицијата не избега туку на сила беше изфрлена на сила.

Кој ќе одговара дека има неуставен буџет. Кој ја даде наредбата новинарите и пратениците да бидат исфрлени? Адресата е на ВМРО-ДПМНЕ, вели Шеќеринска.

Посочи дека без СДСМ и опозицијата на изборите се ќе биде глумење на демократија, а одговорноста за неодговорната одлука ќе биде кај Груевски и власта.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!