(ВИДЕО) Шеќеринска: Ветивме услови за фер избори, а потоа датум, тоа договорот го обезбедува

Од:

На почетокот од целиот процес ветивме дека овојпат прво ќе инстистираме да има услови за фер и демократск избори, а потоа да има датум за изборите. Тоа овој договор го обезбедува.

Дополнително, ветивме дека сите еднострани потези кои ги повлече владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе мора да ги повлечат. Тоа исто го обезбедува овој договор. Владата договорена во Пржино, односно преодната влада, која им за цел да организира фер и демократски избори ќе се врати, а законот за внатрешни работи кој што беше голем проблем во преговорите ќе биде одложен до следната година.

Ваквиот договор обезбедува услови Република Македонија да заврши со оваа криза која ни однесе многу време и енергија и треба да обезбеди услови за фер избори.

Сите услови за обезбедување за фер избори, вклучително балансиран и целосен пристап на учесениците во медиумите, чистење на избирачкиот список, учество во преодна влада, учесниците ќе треба да ги потврдат на крајот на август.
Со ова ќе ставиме крај на овие неколку кризни години но исто ќе ставиме и крај на владеењето на Груевски.

Доколку до 31 август сите услови се исполнети тогаш се отвора можност до крајот на годината да се одржат изборите, рече заменикот претседател на СДСМ, Радмила Шеќеринска по постигнатиот договор во Клубот на пратеници.

На прашањето дали ќе има избори на 11 декември Шеќеринска одговори:

– Нашата цел ќе биде да функционира се согласно договореното. Доколку на 31 август или до 31 август сите услови се исполнети, тогаш ни се отвора шанса до крајот на годината вклучително и на датумот којшто го спомнавме да се одржат изборите. Нашата цел знаете беше од почетокот да излеземе со предлози коИшто ќе овозможат Македонија побрзо, а не подоцна да излезе од криза и затоа сметаме дека ако секој го исполни својот дел од договореното, ќе можеме до крајот на годината да ја завршиме оваа тешка фаза на кризно живеење во Македонија.

Околу министрите од СДСМ кои би останале во техничката влада дали се договоривте? Прашањето што се отвори во последно време…

– Значи како што спомена и амбасадорот, клучниот проблем беше што оваа коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во последниов месец ги смени законите со коишто, со законот за внатрешни работи му ги ограничи ингеренциите на министерот. Дел од Договорот е дека тој закон треба да биде одложен за периодот после изборите, наредна Влада со целосен легитимитет да одлучи што ќе се случува во овој дел. Дополнителен проблем беа прашањата во Министерството за внатрешни работи.

Ние покажавме и со претходниот мандат на нашиот министер во т.н пржинска Влада дека нашата цел не е Министерството за внатрешни работи да се партизира, туку тоа министерство да престане да биде штабот на ВМРО -ДПМНЕ. Тоа ќе го правиме и кога ќе се воспостави повторно истата Влада, така што нашата цел да имаме министер за внатрешни работи кој ќе ги има ингеренциите, кој ќе ја има моќта да сноси одговорност во неговото министерство ја исполнивме.

Имаше голем број на детали, ќе видите во Договорот, начини на коишто власта се трудеше да му ги врзе рацете на министерот за внатрешни работи, на пример преку именување на одредени раководители во МВР во исто време да бидат и истражители за Јавното обвинителство, обезбедивме тоа да не биде причина да се блокираат можните кадровски смени во Министерството за внатрешни работи. И тоа можеби беше еден од последните камени на сопнување што денеска го решивме, рече Шеќеринска.

Сега кога е финализиран договорот, може ли да ни повторите детали околу финализирањето на Избирачкиот список и реформите што ги договоривте во медиумите, беше прашана Шеќеринска.

– Многу ќе биде подобро да го видите текстот и самите вие, наместо да чуете интерпретации, информации излегоа во јавноста, особено околу Избирачкиот список, во делот на медиумите, она што беше наша цел, првична е да обезбедиме генерална медиумска реформа, како што беше договорено и во Пржино.

За жал во изминативе 12 месеци видовме блокирање по секаков основ на медиумските реформи. Последниот обид го направивме пред неколку месеци кога во Собранието го поднесовме законот којшто го поддржаа некои од клучните професионални здруженија, за жал тој беше отфрлен и тогаш и сега од страна на владејачките партии. Ако продолжевме само на тој начин да бараме решение, Македонија, избори, предвремени парламентарни немаше да има и тоа ќе значеше само продолжување на кризата.

Затоа ние преложивме, во ваквиот договор да има две работи, прво партиите да преземат обврска дека најдоцна 6 месеци после изборите, ќе обезбедат медиумска целосна реформа согласно препораките на ЕУ и препораките во Прибе Извештајот. Сметаме дека е тоа многу важна работа, уште од сега да се дефинира.

И второ, најдовме едно преодно решение, што ќе се однесува на периодот од 100 дена до изборите. И тука, исто така и во двата случаја, сакам да кажам дека партиите презедоа обврска да се консултираат со здруженијата на новинари, професионалните здруженија коишто работат во областа на медиумите. Јас сакам да го кажам и нашиот политички став, дека за сите одлуки и предлози што ќе ги даваме во овој процес во следните 30 дена, ние ќе побараме консултации, ќе побараме исто така и предлози од страна на сите оние кои се активни, кои знаат и влијаат во медиумската сфера.

Нашата цел е да добиеме инклузивен процес, затоа меѓу другото во договорот инсистиравме дека за сите реформи коишто ќе се дискутираат до изборите, иако сме свесни дека роковите се ограничени, одлуката нема да зависи од четирите политички партии, туку во тие дебати ќе бидат вклучени и граѓанското општество и експерти од различните групи, рече Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он

Средба на Шекеринска со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт

А1он

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

А1он