(ВИДЕО) Шеќеринска од Битола: Администрацијата ја претворија во партиско месно биро на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пред само еден месец, на 24-ти декември ВМРО ДПМНЕ тепаше се пред себе, – и новинари, и пратеници и замислете – тепаше и жени. А при тоа заборави дека тепаат луѓе избрани од народов – впрочем тепаат народ, рече на протестот во Битола, Биљана Поповска.


Пред битолчани, Радмила Шеќеринска порача дека и покрај студеното време македонскиот оптор против оваа груба, насилна и корумпирана власт продолжува. После насилното исфрлање од Собранието, останале со чист образ а во него останале оние кои си ги зачуваа картичките и фотељите, а образот еднаш засекогаш го изгубиле.

Со удирањето на Весна Бендевска власта удри по Битола, додека со исфрлањето на Менде Диневски од Собранието ги исфрлија 22.000 битолчани кои го дадоаа гласот за нив. Со исфрлањето на новинарите власта покажа дека се плаши и единствено оружје кое им остана е стапот и стравот, рече Шеќеринска.

Таа додаде дека во изминативе 3 години власта ја задолжи државата за нови 1 милијарда евра и целото судство го претвори во нотаријат на владеачката партија, додека администрацијата во партиско месно биро на ВМРО ДПМНЕ. Веќе стана јасно дека од страв повеќе не се живее и со владини реклами не можат да се прехранат децата.

bitola sekerinska

Шеќеринска порача дека нема враќање назад, оваа борба продолжува до крај, се додека не падне овај режим што ќе значи нов почеток за Македонија и нова шанса за сите македонски граѓани.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“