(ВИДЕО) Шеќеринска: Кривопаланчани Ви честитам за силата, за упорноста, за храброста

Од:

„Добра вечер храбри луѓе од Крива Паланка коишто покажавте дека и после седум години крадење на државата, крадење на народните пари, злоупотреба на функциите, Македонија стана за да не им дозволи да ни ја украдат и иднината, иднината на секоја следна генерација, иднината на нашите деца”, вака Радмила Шеќеринскана синоќешниот Граѓански Парламент.

„Во секој град, во секоја општина, во секое поголемо село покажавме дека и кога е ладно продолжуваме и кога врне дожд ние маршираме и кога паѓа снег народот излегува на улица. Крива Паланка ви честитам за силата, за упорноста, за храброста.

– Денот на одлука доаѓа, јас овде пред вас сакам да ве уверам дека сите оние кои носат одговорност за злосторствата кои ги направија на Македонија, ке одговараат, нема калкулации, нема компромиси и нема штедење”, потенцираше Шеќеринска.

„На 24-ти Декември не тепаа само пратеници со име и презиме,  удрија по секој граѓанин кој дал глас за тие пратеници а тоа се 370 илјади граѓани кои денес се чуствуваат нападнати и измамени од една врхушка. Повеќе од шест илјади гласачи од Крива Паланка се оние кои беа избркани од Парламентот.

– Оние кои знаат дека ја донеле вистинската одлука, таа одлука ја соопштуват навреме. Дали се сеќавате кога обединетата опозиција застана зад кандидатурата на нашиот почитуван д-р Горан Младеновски, застана обединета, застана единствена и пред цела Крива Паланка може со чист образ да каже – го имаме вистинскиот избор и вам ви го нудиме. Каде беа вмровците тогаш, молчеа, се криеа осум месеци, калкулираа, броеа, пребројуваа, правеа анкети, џабе. Дури кога се понадеваа дека можеби СДСМ и опозицијата ке ги бојкотираат изборите тогаш собраа храброст и кажаа, стариот градоначалник од кои досега бевме незадоволни сега ке им го понудиме како ново уште полошо решение.

– Е па почитувани граѓани на Крива Паланка затоа ние денес сме тука, затоа што нема од што да се криеме и велиме отпорот ке продолжи, ке продолжи затоа што знаеме дека вистината е на наша страна и затоа што знаеме дека од страв во Македонија веке не се живее. Стравот не ги плаќа сметките, заканите од власта не носат храна на трпезата.

– Затоа граѓаните во цела држава одлучиа дека ова не е време за криење, излегуваме на улица затоа што знаеме дека има кандидати зад кои вреди да се застане и ви честитам што во Крива Паланка избравме таков, ви честитам што ја донесовте вистинската одлука. Во име на сите тие кандидати продолжуваме на улица, со парламенот за и од граѓаните и ке покажеме дека во Р.Македонија мора да победи слободата, мора да победи отпорот“, подвлече пратеничката од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски