(ВИДЕО) Шекеринска: Вработување, пракса или обука веднаш по факултет!

Од:

„Нашата борба е младите луѓе да останат во Македонија!

Затоа го создадовме проектот „Гаранција за млади“ којшто го базиравме на многу добри европски искуства и пракси, а го прилагодивме за македонски услови.

Проектот ,,Гаранција за млади“ ќе значи дека државата ќе гарантира на сите млади граѓани во Македонија дека веднаш по завршувањето на образованието во рок од четири месеци секој млад човек ќе може или да го продолжи образованието или да добие понуда за работа или да добие можност за практика, обука или тренинг со којшто ќе се прилагоди на потребите на некое работно место коешто е на располагање.

Овој метод, овој инструмент, овој проект во многу европски земји даде добри резултати и ние сметаме дека ова треба да биде фокусот на младинските политики за да младите не заминуваат туку да останат во татковината.

Со ова покажуваме дека како политичарите мора да се трудиме да ги решаваме проблемите. Дека како политичари сме свесни дека младите не заминуваат заради невозвратена љубов туку заминуваат заради егзистенцијални проблеми, заради низок животен стандард, заради неможност да ги решат тие проблеми во својата татковина.

Ние сметаме дека овој тип на погрешни политики, економски, социјални, образовни не доведоа во ситуација повеќе од половина од младите да изјавуваат дека сакаат да ја напуштат татковината.

Тоа ќе се промени од 11-ти декември.

Граѓаните имаат потреба од сигурност, граѓаните имаат потреба од иднина!

За да и обезбедиме иднина на Македонија треба да обезбедиме иднина на младите во нашата земја“, изјави заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

 

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски