(ВИДЕО) Шекеринска: Силно Собрание на граѓаните што ќе ја контролира извршната власт!

Од:

„Собранието го бираат граѓаните на Република Македонија и тоа им припаѓа токму на нив.

Затоа, Собранието не смее да биде гласачка машина, туку место за вистински, сериозни дебати, чијашто цел ќе биде да се оствари интересот на мнозинството граѓани во нашата држава.

Затоа, имаме план да го промениме начинот на којшто функционира законодавниот дом, и да им дадеме шанса на граѓаните на Македонија да се гордеат со своите претставници, и да знаат дека работат само за нив. Според нашиот план ќе ги обврземе сите матични комисии во Собранието на Република Македонија задолжително да се отворат кон невладините организации, коморите, синдикатите, и тоа не само за дебати по закони, туку исто така и за надзорните расправи.

Имаме план според кој пратениците во Република Македонија ќе ги бираат навистина граѓаните, на тој начин што ќе овозможиме избор преку отворени листи. Така ќе добиеме посилни пратеници, и посилно Собрание.

Имаме план во којшто јасно стои дека скратените процедури за носење на закони во Собранието се лоши процедури. Затоа ќе ја ограничиме употребата на оваа скратена постапка, и ќе ја направиме исклучок наместо правило. Собранието, т.е. неговиот претседател, ќе мора еднаш годишно да реферира пред законодавно-правната комисија, за тоа колку често се користеле скратените постапки, и од кои причини.

Имаме план според кој сериозно ќе го ревидираме начинот на исплата на патните трошоци за пратениците кои живеат надвор од Скопје. Само на таков начин ќе обезбедиме граѓаните да имаат доверба во своите претставници. Тие ќе имаат законска обврска и законски ќе одговараат за точноста на прикажаните патни трошоци, а јавноста во секој момент ќе има увид точно колку пари и колку трошоци наплатил секој пратеник.

Сметаме дека само со вакви мерки ќе можеме да ја вратиме, силата, значењето и довербата во Собранието на Република Македонија. Само на таков начин ќе имаме силно Собрание кое ќе биде во состојба да ја контролира извршната власт“, изјави заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски