Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денес од родното село на својата баба – Кичиница во мавровско, испрати порака до сите жени во државата.
„Најважните животни лекции ги научив од најсилната жена која ја познавам, велеше во сите нас има сила и добрина. Не правеше разлика помеѓу своите внуки и внуци. Мислев дека лекциите од мојата баба Љиљана ги научиле сите, дека сите имаме право на среќа, на живот на еднакви шанси во животов.Во 21 век имаме опозиција (ВМРО-ДПМНЕ) која мисли дека светот не припаѓа еднакво на жените. Не потрошија ни еден збор за женските права и женската рамноправност. Партија која молчи на сите примери на насилство кон жените. На 15 јули очекувам силна поддршка од сите жени и мажи кои вистински веруваат дека соработката а не насилството е решение!“, рече Шекеринска.