(ВИДЕО) Шекеринска: Помалку предмети, повеќе знаење!

Од:

„Ќе ги намалиме бројот на часови и на предмети во основно и во средно образование, а фокусот ќе го ставиме на математичките и на јазичните вештитни кај децата во Република Македонија.

Денеска децата и во основно и во средно училиште се преоптоварени со многу содржини и многу предмети. На пример, едно дете на 13 години, треба да биде добро и да се концентрира на околу 14 предмети коишто се задолжителни, и на до 3 изборни предмети. Ќе се сложите дека е тоа премногу. И дека заради тоа тешко е да се покрие тој материјал и во училиште, а уште потешко станува кога доаѓаат дома и кога бараат помош од своите родители кои мора да станат научници, да бидат добри во секоја област и да се справат со својата домашна задача.

Резултатот на сево ова е површно знаење, слабо знаење, многу нервози и многу незадоволство, и кај учениците, и кај родителите, а и кај наставниците.

Затоа сметаме дека на македонското образование му треба темелна реформа, потребно е фокусот да го ставиме на оние вештини коишто ќе им помогнат на децата и на учениците, и полесно да дојдат до работа, а тоа е математиката и познавањето на неколку странски јазици.

Ние сметаме дека ваквата реформа ќе вроди со плод, и ќе направи подобро образование, но и повеќе шанси на сите овие деца утре да дојдат до квалитетна работа.

Денеска, и на домашниот, и на меѓународниот пазар на труд, не е доволен дури ниту еден странски јазик да знаете, потребно е и повеќе странски јазици да знаете, потребно е многу математика, потребно е многу разбирање на различни проблеми со коишто се соочуваме во секојдневниот свет.

Затоа нашето мото е дека на Македонија и се потребни мотивирани ученици, на Македонија и се потребни задоволни наставници, и исто така родители коишто ќе знаат дека нивните деца добиваат најдобро можно образование коешто ќе овозможи да си ја градат својата иднина во Република Македонија“, изјави Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он