(ВИДЕО) Шекеринска од Кичево: Почнуваме со детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители

Од:

„Во изминативе две ипол години нашиот фокус беше да обезбедиме поправедна и поправична држава, во која ќе зборуваме за поддршка на обесправените и оние на кои правдата им е најпотребна. Ако фокусот овие две ипол години се фокусиравме на поправична држава, фокусот во следните четири години ќе ни биде на обезбедување на целосно правна држава.

Резултатот од нашата определба е повеќе од видлив особено во дело на правичното општество, општество за сите“, рече носителката на листа во изборната единица 5, Радмила Шекеринска.

„Успеавме минималната плата да ја зголемиме од 9000 денари на 14.500 денари, најголемо во историјата на нашата држава. Ја зголемивме и просечната плата и да вратиме повеќе пари кај граѓаните, преку проектите МОЈ ДДВ, укинување на радиодифузната такса и враќање на евтината тарифа на струјата.

Го решивме и проблемот со стечајците и за три пати го зголемивме придонесот за луѓето кои живеат од социјална помош. Обезбедивме институционална помош за сите граѓани.

Во наредните 4 години главна цел ќе ни биде да ја вратиме правната држава, затоа што чувме и видовме колку трул е нашиот судски систем“, кажа Шекеринска.

Носителката на листа во изборната единица 5 денеска при средба со граѓаните во Кичево ја коментираше и моменталната ситуација во правосудството и наследените позиции од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почнуваме со детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители а ќе направиме и темелна ревизија на 5 проценти на сите судски постапки во изминативе години по случаен избор. Судиите кои застаруваат постапки за да ја попречат правдата, мора да бидат разрешени“, изјави Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он