(ВИДЕО) Шекеринска од Кавадарци: Власта ги заборави земјоделците по изборите

Од:

Се разбира главната цел на денешната посета е да посакаме среќен Гроздобер на сите земјоделци, на сите граѓани од Тиквешијата, да им посакаме успех и подобри денови. Меѓутоа, кога сме во Кавадарци и кога зборуваме за оваа важна гранка во земјоделието треба да упатиме и политички пораки во интерес на граѓаните, рече денеска во Кавадарци Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Не може земјоделието да зависи од тоа кога во Македонија ќе има избори. Поплаките коишто ги чувме и денеска во Кавадарци се дека еден голем процент од субвенциите, коишто требаше да бидат целосно исплатени до крајот на јуни, сеуште доцнат, не се исплатени.

Тоа значи дека клучните, предизборни, па и изборни ветувања апсолутно се заборавени, неисполнети. Практично еден голем дел од земјоделците добија дел пред изборите, но власта на нив заборави после изборите.

Дополнително, гледаме дека сосема има различно однесување кога нема избори во скора иднина. Ситуацијата кога на пример минатата година, во очи на локалните избори власта интервенираше и додаде дополнителни 2 денари за секој произведен килограм лозје, токму поради тоа што требаше да им се помогне на земјоделците.

Но, тоа важеше кога беа избори. Сега нема избори и заради тоа, тоа не се случува.

Она што чувме како критика од страна на многу земјоделци е дека проблемите со временските непогоди практично ги оставија на цедило и ги оставија да се справуваат со последиците, сами за себе.

Нема системска поддршка од државата и таму каде што се дава поддршката за жал политички се уценети.

Затоа , добро е да сме тука, меѓу граѓаните, меѓу земјоделците, сега, кога почнал Гроздоберот. На овие теми треба да се осврне и власта и институциите на многу посериозен начин, а не само пред избори, заврши таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани