(ВИДЕО) Шекеринска од Градско: Приклучете се, до 15 октомври да ја кажеме нашата визија за Градско!

Од:

„Ве повикувам сите да се вклучите до 15 октомври да влеземе во секој дом и во секое семејство да ја кажеме нашата визија за Градско. Да објасниме дека животот може да се врати во оваа општина и да покажеме дека животот може да биде подобар.“ порача заменик претседателката од вечерашниот митинг на СДСМ и коалицијата во Градско.

Заменик претседателката Шекеринска порача дека СДСМ и коалицијата на овие локални избори на граѓаните им нудат чесна понуда којашто предвидува да се гради по план.

– Одлуките за тоа како и што ќе се гради во Градско ќе ги носат овие луѓе. Нема да ги носи ниту министер, ниту премиер на кој во 3 часот наутро му текнала некоја идеја, како што беше претходно. Ќе градиме по план заради тоа што Македонија не може да се дозволи импровизации. Куќа кога гради некој од вас, па ќе викне некој којшто знае како да го направи планот. Македонија 100 милиони евра ќе треба дополнително да најде за еден од автопатите, затоа што тргнале да прават автопат, а немале соодветен план. Свлечишта се појавуваат, тунелите не може да се ископаат. 100 милиони евра! Пола Македонија може да и ги решиме сите проблеми со водоснабдување и канализација со тие пари!“ рече заменик претседателката Шекеринска.

Заменик претседателката Шекеринска посочи дека најголемите проблеми на граѓаните се решаваат на локално ниво. Во однос на досегашното раководење на општината заменик претседателката истакна дека после 11 години централна власт и 17 години локална власт, ВМРО-ДПМНЕ го оставиле Градско со нерешени проблеми, без решено водоснабдување, без вода.

„На овие локални избори треба да покажеме сите дека граѓаните нема да трпат вакво неодговорно однесување. Не може да нема пари да се реши проблемот, над 11 години, со водоснабдувањето на Градско, а да има пари, видовме сега 30 милиони евра да се потрошат на поткупување на медиумите?!“ рече заменик претседателката Радмила Шекеринска на вечерашниот митинг што се одржа во Градско.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он