(ВИДЕО) Шекеринска: Нашата цел е младите родени тука да останат да живеат и работат тука

Од:

„Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска учествуваше во дебата со младите од Неготино, заедно со претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев.

Проблемите на младите се исти како на младите од цела Македонија, голема невработеност, срушено образование, лоши услови за студирање…

Зборувајќи за мерките од Програмата на СДСМ Шекеринска рече дека целите на економската политика на партијата се насочени кон отворање нови работни места, со достоинствени плати, за младите да ја градат иднината во сопствената држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

– Цел број еден на нашата програма е како Македонија да ја направиме подобро место за живеење за да не ги губиме младите луѓе. Затоа, целата програма, од почеток до крај, ја има целта, човекот роден во Македонија да остане во својата земја и да живее достоинствено, рече Шекеринска.

Отворањето на работни места ќе ги чува младите во државата. Меѓутоа не било какви работни места туку економија што ќе создава подобри работни места, додаде таа.

– Целта на нашата економска политика ќе биде просечната плата во Македонија да достигне до над 29 илјади денари, рече Шекеринска.

Шекеринска ги спомена и мерките од програмата на СДСМ за младите да почнат сопствен бизнис.

Преку проектот за бизнис инкубатори во секој регион, државата ќе обезбеди почетен капитал, ќе стимулира и ќе поддржува отворање на сопствен бизнис за младите.

Шекеринска рече дека хаосот во избирачкиот список го потврдува она што СДСМ го говори цело време, дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори.

– Не само што го краделе пари од граѓаните туку го краделе и нивното право на слободен глас. Ја краде слободата на граѓаните да избираат сами и да одлучуваат сами за својата иднина. Кога некој краде од буџетот тоа е сериозен криминал, но кога некој ви го краде гласот тоа е криминал за следните 4 години што е уште пострашно, додаде Шекеринска.

Заменик претседателката на СДСМ рече дека со гласот за промени, на следните фер и демократски избори младите во Македонија имаат шанса да се изборат за себе и за својата татковина.

– Ве повикувам, не ја препуштајте Македонија во рацете на криминалците кои ви ја заробија. Не ја пуштајте Македонија во рацете на оние коишто избркаа над 600 илјади граѓани. Имате шанса да се изборите и за својот живот, и за својата иднина и за својата татковина, Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски