(ВИДЕО) Шекеринска: Државата и граѓаните не може да ја платат цената на стравот и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Вие знаете дека направивме се да постигнеме договор и да испратиме порака и до нашите институции за спроведување на изборите и до фирмите, и до државните институции но пред се до граѓаните, дека како држава знаеме да носиме одлуки и да создаваме една предвидлива клима.

За жал во последниот период и ВМРО-ДПМНЕ избегнуваше средби на којшто работите ќе се пресечат и ќе се договорат. Ние никогаш нема да бидеме таква партија, секогаш ќе го бираме разговорот и секогаш ќе даваме предност на консензусот, меѓутоа консензус не може да значи запирање на се во државата, консензус не може да значи да се држат граѓаните и државата во заложништво“, одговори заменик претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска на новинарското прашање „Дали се знае кога ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и дали воопшто ќе продолжат“.

„Ние направивме се да дојдеме до договор. Ќе разговараме , ќе имаме средби секојпат кога ќе постои за тоа потреба и иницијатива, меѓутоа за нас е јасно, целта ни е на најголем можен број на граѓани да им дадеме шанса да гласаат, но од друга страна целта ни е на сите овие граѓани, дел којшто очекуваат финансиска помош од државата, дел којшто очекуваат помош за фирмите, да им дадеме шанса државата да функционира во полн капацитет.

Јас се сеќавам на многу средби со претставници на граѓаните, невладини организации особено бизнисот, прва порака која ни ја упатуваат секогаш е -” Аман кога ги правите изборите нека биде кратко, ефикасно оти се запира”.

Кај нас, ние сме во таква атмосфера и во пред изборно расположение уште од февруари. Ниту една држава ова не може да си го дозволи финансиски, економски и социјално, а особено не во сред на пандемија светска.

Затоа направивме се, ќе разговараме ама државата не смее да ја плати цената на стравот и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ“, одговори Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува