(ВИДЕО) Шекеринска: 7.200 нови чизми за АРМ, 11 милиони евра од Планот за модернизација се насочуваат кон специјалните сили

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Васко Ѓурчиновски беше во посета на Полкот за специјални операции, од каде што информираше дека денеска се прима целосната набавка на нови 7.200 пара чизми за припадниците на АРМ. Со оваа набавка секој армиски припадник ќе добие нови чизми со што се подобрува личната опрема на војниците.

„Изминативе две години, со трендот на зголемување на средства во одбраната, Владата покажа дека знае да ги цени припадниците на Армијата и Армијата како институција. На почетокот на нашиот мандат знаевме дека треба да се концентрираме на основни работи: чизми и униформи. Тие беа рак-рана која што често пати се спомнуваше од страна на припадниците на Армијата. Драго ми е што денешнава посета коинцидира со завршување на еден од тие два важни проекти“, рече Шекеринска. Истакна дека последните набавки од буџетот се случувале пред пет или шест години, но дека ниту еднаш досега не се обезбедиле средства за набавка која соодветствува на вкупниот број на припадници на Армијата.

Министерката додаде дека во следните две или три недели по приоритети, сите припадници на АРМ со постари чизми од една година, ќе добијат шанса да имаат подобра лична опрема. Информираше дека во април очекува да бидат испорачани и 14.000 воено-теренски униформи, по две за секој припадник на АРМ.

Во однос на плановите за периодот кој следува, министерката истакна дека оваа година Министерството ќе се фокусира освен на подобрување на личната опрема на војниците, и на модернизација на опремата и механизацијата. Во планот за модернизација, рече Шекеринска, околу 11 милиони евра насочуваме исклучиво кон специјалните сили кои што се дел од Армијата, со што ги зголемуваме капацитетите и на нашата држава да се справува и со кризни ситуации, меѓутоа и оваа единица да продолжи да ја претставува Македонија во најдобро светло.

На средбата во Полкот за специјални операции пред министерката беа презентирани приоритетите за специјални сили, за кои спомена дека заедно со останатиот армиски состав беа клучните фактори за Македонија да ја добие поканата за членство во Алијансата, успешно да ги заврши пристапните разговори и да е на чекор од седнување на масата на сојузниците.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната