(ВИДЕО) Шахпаска: Вложуваме во здравствениот систем

Од:

Кризата од коронавирусот покажа колку е важно јавното здравство. Пред три години наследивме руиниран здравствен систем со демотивираност и ниски плати на здравствените работници, зголемена смртност кај родилките и новороденчињата, континуиран недостиг од лекови и медицински потрошен материјал, сомнителен квалитет на лекови и инсулини, блокирани сметки на јавните здравствени установи и огромно незадоволство на пациентите од здравствените услуги.Ова денеска го изјави Јагода Шахпаска, носителка на кандидатската листа од СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

– За три години инвестиравме многу. Го зголемивме Буџетот на Фондот и Министерството за здравство за 30 отсто, вработивме 780 лекари и 1.000 медицински сестри, ги зголемивме платите и надоместоците на сите здравствени работници до 40 отсто, што никогаш досега не се случило. Ги зголемивме надоместоците за дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Додатокот за работа ноќе го зголемивме од 29 на 50 отсто, рече Шахпаска.

Таа истакна дека инвестирале во буџетот за ретки болести од 230 на 520 милиони денари, донесени се шест нови лекови за ретки болести, оригинални инсулини и две нови вакцини. -Го зголемивме опфатот со вакцинација со 95 отсто на територијата на целата држава, рече Шахпаска.

Најави дека СДСМ во наредниот мандат ќе се залага за раст на плати на здравствените работници, односно секоја година зголемување на платите до 10 отсто. Сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје ќе добијат 12.000 денари субвенција за решавање на станбеното прашање. Ќе се зголеми бројот на специјализации. Во следниот период со 33 милиони евра од Светска банка ќе се опремат сите одделенија за интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, рентген машини и сите останати потребни апарати за врвна здравствена заштита. Ќе се обезбедат 70 нови возила за итна медицинска помош со три нови пункта на подрачјето на Град Скопје. Ќе почне изградбата на нов, современ Универзитетски клинички центар во Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници