(ВИДЕО) Шахпаска: Опфатот за детски и образовен додаток го зголемивме за 20 пати

Од:

„Во изминатите две години се посветивме на реализација на низа мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани. Градиме фер и праведно општество со еднакви шанси за сите.

Уште на почетокот на мандатот ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари. Само со оваа мерка над 90 илјади работници добиваат поголеми плати.

Ги вклучивме и работниците во кожарската, текстилната и чевларската индустрија и сега и овие работници добиваат иста минимална плата како и вработените во другите сектори“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

„Со законското усогласување, минималаната плата се покачи и изнесува 12.507 денари, а отворен е процес за дополнително зголемување на 13.000 денари во следниот период.

Jа исправивме неправдата кон стечајните работници. Над 10.000 стечајни работници сега добиваат месечен надоместок од над 7.500 денари.

Со социјалната реформа, целосно го преобразуваме системот на социјална заштита со цел трајно извлекување од сиромаштија.

Социјална помош ја зголемивме за 300 отсто.

Со мерките од социјалната реформа наместо досегашниот опфат од 3.200 деца, детскиот додаток ќе го користат 73.500 деца, додека пристап до образованиот додаток отсега ќе имаат 64.136 деца.

Воведовме и семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош.

Ова се само дел од мерките коишто за 2 години ги реализираше Владата и мнозинството предводено од СДСМ, кои носат повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

Продолжуваме одговорно со работата, во интерес на сите граѓани“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски