(ВИДЕО) Шахпаска: Обезбедивме праведна држава, време е за правна држава

Од:

Направивме пресврт и јасна разлика. Од општество под режим во кое ВМРО-ДПМНЕ газеше врз достоинството на луѓето, станавме социјално општество во кое се води грижа за секој поединец и сите уживаат еднакви права, порача од Градско Јагода Шахпаска, носителка во ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“.

– После сите промени кои ги направивме изминативе години, време е за ред, правда и дисциплина. Нема веќе одложување, време е да изградиме праведна држава со прочистување на правосудството од корумпираните судии и обвинители. Не смее повеќе да има судии кои застаруваат предмети во спротивно ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Време е за ред и дисциплина во сите институции!, рече Шахпаска.

Најави дека ќе биде воведена законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции.

-Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Системот на патни трошоци покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници. Затоа, ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.Додека СДСМ нуди грижа за сите, ВМРО-ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните. Додека СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси.Затоа, на 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во праведна држава, ќе изберат неселективна правда, наместо ново Сваровски судство, истакна Јагода Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он