(ВИДЕО) Шахпаска: Ниту со нови лаги Груевски не може да избегне одговорност за хаосот во здравството

Од:

Виртуелните најави на Груевски дека Фондот за здравство од 2017 година ќе ги покрива трошоците за ласерска корекција на видот кај студентите не се само популизам туку голема лага. Прво, човекот што заедно со неговиот миленик, Никола Тодоров, го создаде хаосот во здравството не може ништо да ветува. На офтамологија владее целосен хаос, вели Јагода Шахпаска, пратеничка и претседателка на собраниската Комисија за здравство.


 
За операција на катаракта во Штип граѓаните чекаат и до 9 месеци, во Прилеп чекаат 6 месеци, во Битола исто така 6 месеци, а во  Струмица 400 граѓани се на листа за операција и не знаат кога ќе дојдат на ред.
 
Во Куманово и Струмица апаратите за операција на катаракта се стари 15 години. Се уште не профункционираа ниту ласер апаратите за дијабетична ретинопатија.
 
Не се прават операции на заден сегмент па граѓаните ги принудува да одат во приватно здравств. ФЗОМ не ги покрива трошоците за импланти на глауком кој е најголен причинител на слепило.
 
Со централниот тендер се обезбедени ефтини индиски леќи коишто според стручните лица не се доволно добри за пациентите. При набавката на леќите основен критериум е ниската цена, а не квалитетот.
 
Затоа пациентите, стравувајќи за своето здравје, се приморани сами да си купуваат поквалитетни леќи со цена од 1.000 евра.
 
Второ, во јавно здравство не постои таков апарат за ласерска корекција!  Во државата вакви апарати има 4 ама во приватни болници.
 
Покрај фалбите за континуирана набавка на опрема  во  јавното здравство – ваков апарат за ласерска корекција на видот кој чини  400.000 евра НЕМА!
 
Никола Груевски, со последното лажно ветување неуспешно се обиде да избегне одговорност за писмото од ФЗОМ со коешто се препорачува да не се даваат предлози за упатување во странство на пациенти зашто ќе почнел со работа Спиналниот центар.
 
Фрапирачкото писмо, чија жртва е малата Тамара, е огледало на сите расипнички политики на Тодоров и Груевски. 
 
До ден денес спиналниот центар не работи. Се уште никој не ја понесе одговорността за малата Тамара чиј живот беше условен токму со ова писмо.
 
Затоа се потребни промени во Македонија, за граѓаните да добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он