(ВИДЕО) Шахпаска: НАТО е реализирана стратешка цел, следната е ЕУ, со признат и загарантиран македонски идентитет и македонски јазик

Од:

За само три години СДСМ ги оствари стратешките цели на државата. Станавме 30 земја членка на НАТО, најсилниот и најважен воено-безбедносен сојуз во светот, еднакви и рамноправни, рамо до рамо со најмоќните земји во светот. Ги срушивме бариерите и наскоро започнуваме со отворање на првите поглавја и преговори за евроинтеграција на земјава, изјави денеска Јагода Шахпаска, носителка на листата на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, во Изборната единица 3.

Денес, нагласи таа, како членка на НАТО, имаме трајно обезбедени државни граници, а нашата национална безбедност и сигурност никогаш не биле на повисоко ниво.

– Истовремено, целосно го заштитивме идентитетот и ги зачувавме државните и национални интереси. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност, се признаени од ЕУ, од НАТО, од целиот свет. Потврда за сето ова е Преговорачката рамка каде што јасно е наведено дека јазикот на кој треба да се преведе европското законодавство е македонски јазик, вели Шахпаска.

Македонски јазик, додава таа, е јазикот наведен во нашата лична карта во ООН, македонски јазик е јазикот на кој ја водиме меѓународната комуникација.

– Лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно губење на идентитетот и оспорување на нашиот, македонски јазик, паднаа во вода. Покажавме дека можеме и успеавме да ги зачуваме идентитетот и посебноста и да ги отвориме вратите на ЕУ и НАТО. Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ. Подготвени сме, знаеме и можеме до 2024 да отвориме 80 посто од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за шест години да го затвориме преговарачкиот процес, истакна Шахпаска.

Таа рече дека обезбедуваат 2,5 милијарди евра од европските фондови за нашата држава.

– Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водовод. Европски пари за европски стандарди дома. Затоа, изборот и понудата на 15 јули се јасни: Од едната страна е членството во НАТО, од другата страна е белата барокна палатa, од едната страна се Брисел и преговорите со ЕУ, од другата страна се Хунзите, Белизе и Субрата Роj, рече Шахпаска, додавајќи дека е многу е важно да се излезе и да се гласа затоа што се носи голема одлука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески