ВИДЕО: Семејна драма во Штип , извршител ги исфрли од куќата

Од:

Семејството на поранешниот кандидат за градоначалник на Карбинци, Ристе Бањоглав, денеска како на филм остана на улица. Бањоглав пред три години земал заем од 10.000 евра за да подигне фарма од 100тина кози, а како гаранција ја дал куќата под хипотека, објави штипската телевизија Стар.

Иако Бањоглав тврди дека целосно го исплатил долгот кон лихварите, на врата му тропна извршителката на која што наместо 600.000 денари и биле исплатени 920.000 денари, но таа не им дала извештај за увид во исплатата.

Бањоглав тврди дека е жртва на лихварски заговор бидејќи долгот го исплатил, иако дополнително се задолжил.

Петчленото семејство на Бањоглав, од кои две малолетни деца остана без покрив над главата, откако и личните работи им беа конфискувани и однесени во стовариште во Виница.

Ристе Бањоглав беше кандидат за градоначалник на Карбинци во 2013 но со разлика од 100 гласови изгуби од Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници