(ВИДЕО) Селмани: Жестоко ќе се спротивставиме на политички пазар врз грбот на слободата на медиумите

Од:

Да се забрани политичкото рекламирање, депратизација на МРТВ, советот на јавниот сервис да не биде под контрола на владејачките партии, нов модел за финансирање на МРТВ, промена на структурата на медиумскиот регулатор, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги – ова се дел од системските решенија што ги предлага Здружението на новинари на Македониј, а кои ги објави денеска на завршаната конференција на која беше презентирана анализата на медиумскиот систем во Македонија.

– Ако кај партиите постои искрена политичка волја, до решенија можеме да дојдеме многу брзо. За жал, последните денови, слушам разни изговори од некои политички партии дека немало доволно време за сериозни промени во медиумскиот систем. Заговараат политички пазар меѓу партиите, меѓу власта и опозицијата, кој нема да донесе поголема медиумска слобода, туку само поделба на влијанието на политичките актери во медиумите. Ние тврдиме дека е време за суштински промени. Политичките партии треба само да се согласат дека политичката битка не се води преку медиумските реклами, платени од јавни пари, дека МРТВ е сервис на граѓаните, а не на политичките партии и дека медиумскиот регулатор треба да биде независен и професионален за да може да ја гарантира независноста на електронските медиуми. ЗНМ нема да биде дел од пазарот меѓу партиите, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Новинарската организација предлага промени кои, ако се согласат партиите, можат да се применат и до Нова година. ЗНМ бара да се укинат политичките реклами за да медиумите престанат да бидат заложници на рекламирањето на богатите партии, бара деполитизација и департизација на Македонската телевизија и на медиумскиот регулатор и тој да се организира како совет, да се промени начинот на финасирање на МРТВ и на медиумскиот регулатор.

– ЗНМ нема да биде дел од евентуален политички пазар меѓу партиите врз грбот на слободата на медиумите. Ако има таков обид, жестоко ќе се спротивставиме и ќе ги искористиме сите демократски средства да спречиме такви сценарија, рече Селмани

Постои драматичен пад на медиумските слободи, раст на политичката контрола врз медиумите, растечка автоцензура, отворени и суптилни притисоци врз новинари, физички напади и говор на омраза и други последици на состојбата во медиумската сфера.

– Досега не беше покажана повидлива и искрена волја за решавање на проблемите, од тој аспект е важно што оваа конференција се одржува во еден важен, транзициски момент во кој тече спроведувањето на четирипартитниот договор од 2 јуни, односно 15 јули, насочен кон постигнување решенија за излез од политичката криза. Неговата целосна имплементација ќе зависи од спроведувањето на медиумските реформи, рече Катерина Блажевска, новинар.

А.Б.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје