(ВИДЕО) Селмани со повик: Под итно да се отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани пред денешното продолжување на преговорите на работните групи ги повика СДСМ, ДУИ, ДПА, ЕУ и САД да го отфрлат предлог на ВМРО-ДПМНЕ и одлучно да се заложат за идеите на посредникот Питер Ванхауте, како системско решение кое создава услови за слободни медиуми.

– Никаде во Европа медиумскиот регулатор не одобрува јавни кампањи, не одлучува нивна дистрибуција во медиумите и по која цена да се емитуваат, ниту пак пресметува проценти и удели за учество на пазар, што е прашање на медиумската индустрија, Селмани.

Тој вели дека со законот се прави упад во мисијата, финансирањето и уредувачката политика на медиумите .

-Предлогот ја убива смислата на постоење на медиумите во едно демократско општество, точно, навремено да информираат, критички да ја опсервираат реалноста и да поттикнат дебата за прашања од јавен интерес, вели Селмани.

Според него, кампањите треба да покажат дека медиумите не работат во интерес на граѓаните, а затоа е потребно власта да ги мотивира со пари да ја научат лекцијата како се заштитува јавниот интерес.

-ВМРО-ДПМНЕ за јавен интерес ја прогласува секоја активност на владата и на јавните институции, тековни и идни активности на владата, цели и очекувања на владини политики, проекти и активности на владата, законски измени и фискални политики. Тоа во превод значи со јавни пари да продолжи и да се засили промоцијата на партиската програма, вели Селмани.

Тој вели дека највесела математика во законот е околу казните, односно ако владата и јавните институции вон закон објават информативни кампањи да не сносат кривична одговорност, туку да платат казна до 3.000 евра.

-Законот за владини реклами на ВМРО-ДПМНЕ предложен на работната група претставува брутален напад врз независноста на медиумите, смета Селмани.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски