(ВИДЕО) Селмани: Како ќе се јакне Јавниот сервис со помалку пари од буџетот?

Од:

Главната забелешка на ЗНМ за предлог-законот за медиуми е финансирањето на Јавниот сервис. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани реагира на предвидените средства од буџетот на МРТВ, кои според него не се доволни за јакнење на МРТВ и се за пет милиони помалку од 2016 година. Според Селмани за квалитетен Јавен сервис неопходна е политичка и финансиска независност.

– Со предвидените средства не само што нема да може да отвори нови канали на јазикот на националностите, туку нема да може да ги реалзизра и сегашните планови. Во 2016 имало 20 милиони евра а сега се предвидени 15 милиони евра. Како со помалку пари да се направи поквалитетен Јавен сервис. Прашањето е дали има политичка волја да се зајакне јавниот сервис? Нема дописничка мрежа, тоа е срамота, Макеоднија не е само Скопје, рече Селмани.

Селмани го поздрави и присуството на опозицијата во Собранието, на расправата за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски