(ВИДЕО) Селмани: Јавниот обвинител може да го повлече обвинението против Кежаровски

Од:

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, велат дека Извештајот на Европската комисија во делот за слободата на изразување е покритичен од минатата година, но состојбата е уште полоша од тоа.

За разлика од минатогодишниот, овој извештај е покритичен, меѓутоа, според Селмани, Европската комисија продолжува да биде наклонета кон Македонија, затоа што кога би се однесувала како што се однесува Владата на Република Македонија кон извештаите на Европската комисија, без трошка сомнеж Европската комисија можела слободно оваа година да ја одземе препораката на Македонија, затоа што навистина има регрес во суштински сфери.

Има работи во извештајот, кои, според мислењето на ЗНМ, не се сосема објективно претставени. Таму вели дека Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е донесен со консултации, дека генерално ги исполнува европските стандарди. Селмани вели дека тој закон не е усогласен со европските стандарди и пред сè не е усогласен со препораките на Советот на Европа коишто се однесуваат на функционирањето на јавните сервиси и регулаторното тело.

„Ние како ЗНМ ги повикавме колегите кои меѓусебно се тужат да ги повлечат тужбите, меѓутоа очигледно дека тие имаат некоја друга агенда. Ако Брисел смета дека може да помогне, тие може да се вклучат и да видат дали можат со тие луѓе да се разберат, повикувајќи се на потребата дека треба да има новинарска солидарност, дека треба да се почитуваат новинарските стандарди. Она што клучно треба да се занимава Европската комисија е зошто токму таквите новинари ги водат медиумите во Македонија и зошто токму нив сопствениците на медиуми имаат интерес да ги вработуваат“, вели Селмани.

Селмани додава дека не може да има демократија во една држава, каде што медиумите ги контролира владата и каде што владата поттикнува корупција во медиумите.

„Ние имаме конкретни решенија кои ѝ ги нудиме на Владата, што треба прво да направи. Итно, веднаш треба да престане притисокот и заплашувањето на новинарите, преку судски процеси, преку казни. Второ, треба да престане политиката на неказнување на насилството врз новинарите. Оваа година имаше неколку примери кога врз новинари беше извршено насилство. За жал кога како извршители на тоа насилство беа припадници на полиција, никој не одговараше, дури полицијата тврдеше дека не можеле да ја утврдат таа фактичка состојба. Треба веднаш да го усогласиме нашето медиумско законодавство со европските стандарди, пред сè мислам дека законот за медиуми и законот за аудио-визуелни медиумски услуги, не нудат доволна основа јавниот сервис, Македонската радио-телевизија и регулаторното тело да бидат независни институции и да имаат одржлив извор на финансирање. Ако една институција нема таква сигурност, таа не може да биде независна. Секако тука спаѓаат и прашањето на ограничување на казните, бришењето на дефиницијата новинар, исклучувањето на печатените медиуми од регулација и секако почитувањето на социјалните права, одговара претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Пресудата против Фокус, вели, не е согласно законот. ЗНМ тврди дека кога судот би го применил законот, новинарите од Фокус, требало да бидат ослободени.

Посочува има неколку опции коишто се во игра за решавање на случајот Кежровски. Јавниот обвинител, којшто е избран по предлог на владата, може да го повлече обвинението. Министерот за правда може да поднесе предлог до Претседателот на државата да го аболира колегата Кежаровски.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје