(ВИДЕО) Селмани: Никола Поповски е искрен, треба да му веруваме

Од:

Заблудата на министерот Никола Попоски е очекувана реакција а тоа што не разбира зошто новинарите протетстирале и барале слобода за Кежаровски е изјава на искрен човек, смета претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Според Селмани како за Попоски но и за останатите министри нормално е новинар да е во затвор за напишан текст.

Срамната кампања против Кежаровски и смешните објаснувања зошто е во затвор ги пишуваат така наречени новинари вели Селмани.

„Искрен е Никола Попоски, навистина искрен е човекот. Тие мислат дека новинари во затвор е нормално. Според нив новинари нормално е да се пратат во затвор поради објавување на истражувачка сторија. Човекот е искрен треба да му веруваме“, изјави Селмани.

„Мислам дека битката со Кежаровски ја изгубија а нашиот колега плати голема цена но она што е битно а тоа тој сам ќе го каже е дека сите ние бевме со него или најголем дел од колегите“, рече Насер Селмани.

Би можело да ве интересира

Нападната екипата на ТВ Алсат кај пожарот во Визбегово

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел