ВИДЕО: Се запали дел од фабрика за канабис во село Дебриште

Од:

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев сподели видео од пожарот кој го зафатил магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште на својот официјален профил на Фејсбук. Пожарот е ставен под контрола, а над 25 пожарникари интервенирале со повеќе од десет возила.

„ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште.

Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот“, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на Пелистер не стивнува – на терен се пожарникари, механизација и воздухоплови

Горан Наумовски

Под контрола е пожарот во Националниот парк „Пелистер“

(ВИДЕО) Пожарот кај Макази се шири кон Пелистер, има индиции дека е подметнат

Горан Наумовски

Денеска активни се осум пожари

Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее