ВИДЕО: Се утврдуваат причините за пожарот кај Галичник

Од:

Екипа на полицијата денеска изврши увид и ги утврдува причините за пожарот што избувна вчера над селото Галичник, информираше в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов при денешната посета на местото на пожарот со претставникот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ.

-Рано утрово два армиски хеликоптера го надлетаа местото на пожарот за доколку има потреба да интервенираат, но бидејќи пожарот е изгаснат тие се вратија во нивната база, но се во состојба на готовност доколку дојде до реактивирање на пожарот брзо да дојдат и да го изгаснат, изјави Ангелов.

Тој се заблагодари до сите кои помогнаа во гаснењето, од системот за управување со кризи, противпожарните единици и до граѓаните.

Со пожарот беше зафатена борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставуваше потенцијална опасност за селото Галичник.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Мартина Михајлова и Александар Пендароски избрани за невеста и зет на Галичката свадба 2026

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче