Љубе Бошкоски и во затвор и после сите малтретирања сеуште е мета на напади и манипулации. Вечерва беше емитувано видео кое е од неговото тајно снимање за “Кампања“ (јасно е од каде е) и беше дел од судската документација во процесот.
Ова видео е емитувано во судница во процесот “Кампања“ и требаше материјалите да се уништат, но некако се појавија сега на Јутјуб, односно веќе за јавноста познато е како оди договорот за тоа. Од партијата на Бошкоски велат дека тој разговара со стар семеен пријател и нема ништо чудно што ја финасирал кампањата. На снимката Бошкоски добива 10.000 евра.
-Бошкоски му кажа дека неговиот став е “хармонизирана национална позиција“ што и го зборуваше на митинзите. Во што е кривичното дело? Од стар семеен пријател зема пари. А како се финасираат останатите политички партии? Од каде милиони евра за кампањите на власта? Сеуште нема отчет од власта за финансирање на кампањата со три милиони евра во истата година а сега Љубе го прават криминалец за 10.000 евра од пријател? Тој не беше организатор на кампањата, туку претседател на политичка партија и не требаше да одговара за тоа дело, велат од партијата.
Снименото видео, кое и не смее да се емитува, е претставено како обид на Бошкоски да го сменел името, во услови кога ниту е власт ниту има моќ за такво нешто. Видеото е обид да се амортизира незадоволството од прислушувањето и она што веќе го слушна јавноста за неговото апсење.
Власта слично и сега се обидува да се претстави како патритоска, а сите други предавници кои наводно соработуваат со Грците, за да го сменеле името на Македонија. Тоа е главната стратегијата на власта во сите години-да се претстави како патриотска која ја брани државава од надворешни непријатели и со тоа да собира поени кај избирачите. Бошкоски во кампањата во 2011 година, одеше со ставот “национална хармонизирана позиција за името“ а потоа дека нема промена на уставното име.