А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Се пееше химната и се вееја знамиња пред полициска станица „Пролет“

by А1он12/05/2015 - 19:5112/05/2015 - 21:20158
Share0

Граѓани се собраа денеска попладне пред полициската станица „Пролет“ за да изразат почит кон прерано загинатите припадници на специјалните едници кои го изгубија животот во престрелките во Куманово.

Добивај вести на вибер

На собирот преовладуваа националистички симболи. Пред полициската станица се вееше државното знаме, се пееше националната химна, граѓаните аплаудираа и скандираа „Македонија! Македонија!“.

Неколку поединци се издвоија од толпата и на полицајците им го предадоа државното знаме. Тие се ракуваа со нив, ги гушнаа, а полициските службеници им салутираа.

Граѓаните тргнаа од неколку точки во Скопје, за да се соберат пред полициската станица.

Oбјектот не беше воопшто обезбедуван од полициски единици. Собирот беше најавен преку банери поставени на порталите што важат за блиски до владејачката партија.

На самиот собир можеа да се забележат лица кои се членови на партијата, нејзини општински советници или поранешни директори. Во информациите за протестот стоеше дека го организира Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), но не можеше да се види ниту еден од членовите на ова движење.

Паралелно додека траеше овој собир, пред Владата повторно се одржа протест против полициската бруталност од граѓани кои бараат оставка од Владата. Кога протестот пред „Пролет“ заврши, граѓаните кои маршираа за оставки пристигнаа пред Собранието.

dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен