ВИДЕО: Се откриваат новите барокни фасади низ Центар

Од:

Станбените згради во строгиот центар на Скопје се преобразуваат во барокни при масовната фасадна реконструкција која ја реализира Град Скопје.

По црвената зграда во која е сместено Министерството за правда, полека се откриваат платната кои ги прикриваат градежните промени на зградите во близина.

Надворешноста на објектите добива бела боја, со барокни елементи и мали столбови на терасите.

Со фасадната реконструкција Градот оваа година практично најави продолжување на проектот „Скопје 2014“. За само еден месец Градот склучи три договори за реконструкција и доградба на згради во близина на плоштадот, а со вкупен износ од 2,5 милиони евра.

barokniFasadiCentar (2)

Како по правило, задната страна на зградите останува руинирана затоа што реновирањето ја опфаќа само предната, како што беше случај со сите реконструирани фасади до сега.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец