ВИДЕО: Се одржа завршната сесија од програмата „Форуми во заедницата“

Од:

Синоќа во домот на АРМ се одржа завршната сесија во рамките на проектот „Форуми во заедницата“ во општина Струмица. На сесијата беа презентирани реализацијата на проектите чии приоритети ги утврдија граѓаните, програмите и реализираните приходи и расходи од буџетот на општина Струмица за 2015 година. Градоначалникот Зоран Заев и граѓаните заедно ги утврдуваа приоритетните проекти во петте форумски сесии кои се одржаа на крајот минатата година пред донесувањето на буџетот на општината за 2015 година и заедно синоќа ја разгледуваа нивната реализација. Градоначалникот Заев е задоволен од досегашната реализација на програмите и буџетот.

-Јас можам да кажам дека сум задоволен од тоа што е завршено во претходните месеци и од тоа што се завршува, октомври е доста интензивен месец, граѓаните се сведоци на правењето на тротоари, улици, водоводи, канализации и огромните капитални инвестиции кои што значат развој на цели урбани блокови. Вкупната реализацијата на буџетот е најголема во последните три години, што значи дека и приходниот дел на буџетот е согласно очекувањата, па дури и ги поминува, но без разлика што ние како Општина и јас како Градоначалник мислиме за реализацијата на програмите и буџетот, оваа завршна форумска сесија е можност и граѓаните да ни ги дадат своите забелешки и согласно тоа, и јас и општинската администрација, а и изведувачите кои ги имаат земено тендерите, максимално да се фокусираме за стопроцентна реализација на се што е предвидено во буџетот, рече градоначалникот Заев.

str (1)

Реализацијата на буџетот на општина Струмица заклучно со 30 септември, изнесува 63 проценти, што е за седум проценти поголема од истиот период во минатата година.

Преку програмата „Форуми во заедницата“ граѓаните активно учествуваа во креирањето на општинскиот буџет со што потврдија дека Струмица е општина по мерка на граѓаните. Партиципативноста, отчетноста и транспарентноста и понатаму ќе бидат клучни алатки во доброто владеење преку вклучување на граѓаните во процесот на креирањето на општинските политики.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите