(ВИДЕО) СДСМ: Загадениот воздух коси, тие ќе прскаат, еве го и проблемот и решението

Од:

Состојбата со загадувањето на воздухот е сериозна и ќе станува уште поалармантна. Многу веројатно е дека загадувањето ќе биде далеку поголемо од минатата зима.

Грејната сезона во Скопје почна со екстремно загаден воздух, многу опасен за здравјето, со вредности на ситните честички (ПМ10) неколку пати над максимално дозволените граници (1.000 микрограми на кубен метар воздух).

Виновник за ваквата состојба не е времето. Не е однесувањето на граѓаните.

Загадувањето за жал е последица на погрешните политики на власта на централно и на локално ниво. Во Македонија не се применуваат основните принципи за заштита на животната средина, изостанува интеграција на стандардите за квалитетна животна средина во секоја општествена област“, рече на денешната прес-конференција Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање, СДСМ.

„Доказ се податоците од неколкуте мерни станици. Не е само Скопје загадено. Просечната концентрација на прав во воздухот, на дневно ниво е поголема од максимално дозволената и во Тетово, Битола, Кичево.

СЗО ги прогласи ситните честички ПМ10 за канцерогени, поопасни за здравјето на човекот и од пасивното пушење. Овие честички може да предизвикаат кардиолошки и белодробни болести, рак, па дури и смрт.

Според Светската банка, годишно во Македонија поради загаден воздух умираат 1.350 лица!

И по овој фрапантен податок, државата ниту реализира, ниту има во план ефикасни мерки за спречување на загадувањето на воздухот.

Здравјето на граѓаните е загрозено поради:

  • Увезениот шкарт на моторни возила (како автомобили, така и автобуси);
  • Уништените и исечени дрвја;
  • Уништени зелените површини и нивна замена со бетон;
  • Лошо урбанистичко планирање;
  • Непочитувањето на стандардите за градење;
  • Непримената на гасот како еколошки енергенс;
  • Политички уцени и одложувањето на поставувањето заштитни филтри на поголемите фабрики.

 

Власта треба да ни одговори на нас граѓаните:

  1. Зошто дозволија увоз на возила стари  10 – 15 години, со ЕУРО стандарди што емитуваат штетни материи десет пати повисоки од  оние што се застапени кај новите возила? Велат дека донеле закон што го забранува увозот на ЕУРО 3 возилата, а не кажуваат дека тие возила се најмалку 18 години стари, со поголема потрошувачка на гориво во однос на новите возила, немаат рециклирачки материјали во својот состав. Овие возила отвораат и нов проблем – управување со овој отпад, што не е едноставно за решавање и нема да помине без лоши влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето.
  2. Зошто секој парк или слободно зеленило во градското подрачје, посебно во Скопје, го претворија во катна гаража? Тие стари возила што ги испуштаат штетните честички ќе се паркираат во најгусто населениот дел од Скопје, каде веќе нема природна циркулација на воздухот.
  1. 3.        Што направи Владата да ги поддржи компаниите да можат да ги постават еколошките стандарди? Дали им понудиповолни кредити? Дали обезбеди учество на фирмите во ЕУ фондовите – посебно во оние што се однесуваат на еко иновативноста во производниот процес?
  1. 4.        Власта можеше да обезбеди промотивна набавка на велосипеди.
  1. 5.        Град Скопје затекнат од големиот проблем со загадувањето, најавува средство за “фаќање на цврстите честички“со одредена хемикалија и намалување на загадувањето.

Ние зборуваме за ПРЕВЕНЦИЈА!

Не за обиди за санирање на состојбите кога ќе дојдат до ниво на ескалација.

Ако парите од само еден споменик се пренасочеа за поправка на постојните или инсталирање на нови мерни станици за квалитетот на амбиенталниот воздух, во извештајот на Европската комисија ќе имавме барем една забелешка помалку“, вели Пеце Мирчески.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство