(ВИДЕО) СДСМ: Војникот сам го пријавил убиството, се прикрива случајот?!

Од:

„Информациите со коишто располагаме упатуваат на криење пропусти во функционирањето на АРМ како и во меѓусебната информираност на релација АРМ – Министерство за одбрана – МВР, во врска со тројното убиство извршено од професионален војник“, рече на денешната прес-конференција Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

„Дали затоа и неполн месец по грозоморното убиство нема ни глас, ни информација за грозоморниот чин. Јавноста има право да знае:

-Како се случило војник возач да биде поставен на стража, ако се има предвид дека овие припадници на Армијата не вршат стражарска должност?

-Дали првото пријавување дека војникот убиец го напуштил стражарското место со автоматска пушка и две рамки со муниција, било во 5.27 минути? Тоа се цели час и половина пред војникот да го изврши тројното убиство!

-Дали и покрај тоа не биле преземени веднаш мерки за негово пронаоѓање, туку се контактирало со војникот по мобилен телефон во 06.06 минути, па во 06.39 минути и се чекало тој да се врати, како што најавувал?

-Кој и зошто го толерирал ваквото недозволиво однесување на војникот убиец, посебно што во касарната се знаела неговата емотивната состојба поради приватните проблеми, за што бил и пријавуван од семејството за физичко насилство?

-Дали самиот војник убиец се јавил околу 07.00 часот кај колегата стражар за да соопшти дека убил тројца и да не го бараат повеќе?

Ако напуштањето на стражарското место од страна на војникот убиец, било уредно пријавено, зошто се чекало час и половина да се реагира?

Зошто началникот на Генерал Штабот Котевски, министерот Јолевски и министерката Јанкулоска сеуште молчат за случајот?

Од АРМ се бранеа дека можеби трагедијата ќе се спречела ако некој од центрите за социјална работа информирал дека надвор од службата војникот бил друга личност. Министерот за труд и социјална работа Диме Спасов ги брани центрите дека постапиле по процедурите. Јанкулоска брани дека комуникацијата меѓу министерствата и центрите е добра. Јавното обвинителство се оградува дека немало како да постапат, бидејки војникот само си го одзел животот. Врв на се е молкот на Груевски и Иванов.

Дали има некој кој освен привилегии во власта има и одговорност?

Поради сериозни наводи дека затаила координацијата помеѓу надлежните од АРМ, Воената полиција, Министертвото за одбрана и МВР и дополнителните индиции дека се прикрива случајот, бараме политичка одговорност на првите луѓе на сите надлежни институции за трикратното убиство во Злетово“, изјави Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата