(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со викотници и расправии повторно ја блокира постапката за донесување на предлог законот за наставници

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со своето срамно и недолично однесување, со викотници и расправии повторно ја блокира постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници“, соопшти СДСМ.

„Со ова ВМРО-ДПМНЕ спречува покачување на платите на 27.000 наставници и стручни соработници. Спречува трансформација на работниот однос од определено на неопределено време на 4.700 вработени во училиштата, кои не можат да го регулираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.

ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го кочи предлог законот за наставници и стручни соработници, а денеска и вчера нивните деструкции ескалираа и покажаа дека сакаат да креираат кризи, дека се подготвени да применат и физичко насилство само за да не бидат усвоени овие измени.

Дрското и безобразно однесување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е на штета на наставниците, образованието, на штета на граѓаните.

Јавноста повторно го виде вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, создавање тензии, хаос, блокади, негрижа за граѓаните и нивната благосостојба“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот