(ВИДЕО) СДСМ: Власта им го отежнува животот на слепите лица

Од:

Владата на Никола Груевски не обезбедува никаква поддршка за слепите лица а со последните  измени на Законот за социјална заштита неуставно им ги скрати средствата за државна помош и на овие граѓани.

Дополнителен скандал е тоа што кратењето на овие средства е спротивно и на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност на Обединетите нации, ратификувана токму од Владата на Никола Груевски на 03.12.2011 година.

Ќе изнесеме неколку факти за секојдневниот живот на слепите лица во Македонија, за нехуманиот третман од страна на државата и ќе посочименачини како може да се надминат овие крајно лоши состојби.

Во Македонија нема закон за помош на децата кои имаат проблеми со видот (или слепило) со кој би им обезбедило право на браева машина или компјутер со читач на екран. Иако некои од училиштата поседуваат ваква технологија, тоа е далеку од доволно. Овие деца, како и сите други, имаат домашно и сакаат да читаат и друга литература, дома, а секако сакаат да комуницираат и на социјалните мрежи“, изјави Мила Царовска, претседателка на советот за труд и соц. политика на СДСМ.

„Со ниту еден закон не е уредено слепото лице да има право на ниту едно асистивно помагало, како на пример говорен или браев часовник, говорен топломер, мерач на крвен притисок или мерач на шеќер во крвта.

Нема закон со кој на слепо лице би му се обезбедило право на електронски читач на аудио или дигитални книги. Ниту пак книгите во Македонија е обврзано да се снимаат во дигитална форма за да бидат достапни за слепите лица. Иако ова стои во ветувањата од изборната програма на ВМРО- ДПМНЕ.

Нема библиотеки со книги адаптирани за употреба од слепите лица, а Владата на голема врата го промовираше проектот превод на 1.000 книги за факултетско образование. Зошто барем 10% од тие книги не беа адаптирани за слепите лица?

Со ниту еден закон или подзаконски акт не е уредена потребата од едукација на слепите лица за ориентација и подготовка за самостоен живот.

Македонските банкноти немаат никакво обележување со кое слепите лица би можеле да ги препознаваат, а со тоа и да ги користат. На пример, брачен пар каде двајцата се слепи, некое трето лице, од надвор, треба да им ги подреди парите. Што значи дека овие слепи лица не можат слободно да излезат од одма и да појдат на купување. Со последниот закон, кадешто Груевски им ја укина можноста за нега од трето лице, овие граѓани ќе останат без шанси за ваква асистенција која животно им значи.

Нема тактилни патеки по улиците, нема системи за озвучување и информирање на слепите во болниците, банките, поштите, нема најава на автобуските постојки, како во градскиот сообраќај така и во меѓуградскиот.

Со еден збор да се биде слепо лице во Македонија значи да се биде лице без приватност.

Дури ниту јавните, владините интернет страни не се достапни за слепите лица ниту се адаптирани за читачите на екран.

Македонија е единствената земја во регионот која нема курс за ориентација, готвење, обука за секојдневен живот, помош при избор на професија, библиотеки кои дистрибуираат книги по пошта за слепите лица.

Ништо од ова владата нема обезбедено а дополнително остава околу 25.000 граѓани без додатокот за слепило/мобилност, глувост и помош за нега од друго лице.

Наместо Владата на Груевски самата да носи акти со кои дополнително ќе го отежнува животот на слепите лица нека подготви закони што ќе ги решаваат нивните проблеми“, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ