(ВИДЕО) Атанасов: Тодоров излажа, нема екстерно на Медицински факултет

Од:

„На Медицинскиот факултет нема екстерно тестирање за студентите. Никола Тодоров излажа.

Прво, се работи за интерно, а не за екстерно тестирање.

Второ, се работи за стручен испит и за практична настава, поделен во два дела.

Трето, напразно Тодоров ги истурка овие законски измени за Медицинскиот факултет со сила, кога во пракса и тие не се спроведуваат“, изјави на денешната прес-конференција Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука, СДСМ.

„Освен Никола Тодоров, кон јавноста не е искрен ни Спиро Ристовски.

По бурните и жестоки реакции во јавноста, за најновиот хир на власта со воведувањето екстерно за факултетите министрите на Груевски мораа да се вратат чекор назад. Затоа Спиро Ристовски се правдаше дека допрва ќе следува дебата за овој потег.

Спиро Ристовски не ја кажува вистината!

Тој сокри дека проектот за екстерно тестирање на студентите е во фаза на реализација и дека веќе се имплементира. Со владина одлука го задолжиле Одборот за акредитација и евалуација за негово спроведување. Објавивме и документ што власта на Груевски го одмолча, како да не слушнала за тоа.

Дополнително, во службениот допис што го објавивме Владата се повикува на Данскиот модел. Прочитавме повеќе анализи за Данскиот модел, но вашето решение не го најдовме.

Повикуваме, Груевски и неговата Влада да престанат со натамошна деградација на автономијата на универзитетот.

Укажуваме дека постои системска грешка во таканаречените образовни проекти на министрите на ВМРО-ДПМНЕ. Со секое нивно решение, предизвикуваат нови проблеми. И наместо да ги решаваат новите проблеми, тие носат нови решенија, што создаваат уште повеќе проблеми.

Законите се носат насилнички, без никаква стручна дебата, а погрешните политики предизвикуваат егзодус кај младите. Ова вака повеќе не оди“, рече Петар Атанасов.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје