(ВИДЕО) СДСМ Струмица: Хаосот во избирачкиот список мора да се расчисти

Од:

„Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж и потврда дека Никола Груевски се плаши од соочување со одговорноста.

Расте паниката кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ по откривањето на криминалниот избирачки список.

На сите им е веќе јасно дека Никола Груевски се плаши да се соочи со вистината којашто проби како шило по објавувањето на стотиците илјади спорни и фантомски гласачи во избирачкиот список.

Скриени зад мали маалски групи на граѓани, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да манипулираат со јавноста и да ги злоупотребуваат граѓаните“, рече Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

„До каде оди лудилото на ВМРО-ДПМНЕ? Во текот на вчерашниот ден, на две групи граѓани изманипулирани од ВМРО-ДПМНЕ, им беа дадени идентични текстови со кои наводно го пренесуваа ставот на жителите од две улици во Струмица, дека наводно немало фантомски гласачи.

Имено, еден од нив беше Абди Демиров, човекот којшто вчера го пренесуваше таканаречниот став, беше кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ и во неговата куќа се наоѓа штабот на ВМРО ДПМНЕ.

Еве ја вистината за утврдените неправилности на спомнатите улици:

На улицата „Моша Пијаде“ бр. 16 лицето Елизабета Обриња НЕ ПОСТОИ.

На улицата „Моша Пијаде“ бр.20 лицето Софија Врањиќ НЕ ПОСТОИ.

На улицата „Бетовенова“ бр.52 Мустафа Арифов и Ајтен Арифова НЕ ПОСТОЈАТ.

Ова е вистината утврдена по увидот во Избирачкиот список. И уште многу други неправилности, меѓу кои, и дека во градинката „Детска радост“ на улицата „Младинска“ се запишани тројца гласачи.

Хаосот во избирачкиот список треба да се расчисти. Секој што учествувал во изборен криминал ќе одговара“, изјави Костадинов.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%