(ВИДЕО) СДСМ Струмица: Директорот на Македонски шуми – Струмица ја лаже јавноста

Од:

Во пресрет на зимата, струмичани и оваа година стравуваат од ненавремено снабдување со огревно дрво. Минатогодишните проблеми со испораката на огревно дрво што ги предизвика Македонски шуми, не само што нема бидат надминати туку истите се продлабочуваат, велат од ОО СДСМ Струмица.

„Граѓаните се загрижени дека ќе останат без огревно дрво. Секојдневието го поминуваат во неизвесност и страв дали зимата ќе ја дочекаат во студени домови.

Директорот на Македонски шуми-Струмица, Кире Михаилов е должен да одговори:

Колку договори со граѓани за испорака на огревно дрво се склучени до сега и колку од нив се реализирани?

Зошто во договорите за огревно дрво помеѓу граѓаните и Македонски шуми никаде не стои рок на испорака утврдено со дата?

Зошто не се склучуваат нови договори за набавка на огревно дрво?

Зошто останува нерешено прашањето со превозот за испорака на огревно дрво?

Колкав е процентот на реализација на програмата за работа на подружницата за 2016 година?

Директорот е одговорен затоа што ја лажеше стумичката јавност, при неговото гостување на една локална телевизија, дека проблеми со испораката на огревно дрво нема, а „Македонски шуми – подружница Струмица“ се гуши во проблеми. Михаилов на нелегален начин се обиде да стане претседател на Ловното друштво „Беласица“, па откако не успеа, УЈП ги затвори просториите на ловното друштво.

По демократските промени,кои ќе бидат предводени од СДСМ , граѓаните нема повеќе да се соочуваат со вакви проблеми, а секој којшто го прекршил законот, ќе одговара. Македонија и нејзините граѓани повеќе не можат да ги издржат ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ Струмица.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он