(ВИДЕО) СДСМ: Ставрески го дал милионскиот бизнис на фирмата во куќата на Јанакиески

Од:

„Министерот за транспорт и врски Јанакиески вчера не го призна само скандалот со странската фирма во неговата куќа, добитник на милионски бизнис од Владата.

Министерот Јанакиески го прошири скандалот во размери што ја тресат пошироко Владата на Никола Груевски“, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Еве зошто.

Објавивме, и Јанакиески потврди, дека од сите можни локации и илјадници куќи во Прилеп и Македонија, токму куќата на министерот за транспорт и врски во Прилеп е седиште на германската фирма Лудвиг Фајфер, избрана од власта за учество во 30 милионскиот проект Пречистителна станица.

Министерот Јанакиески во реакцијата убедува дека не знае како оваа странска фирма станала кираџија токму во неговата куќа во Прилеп.

Но Јанакиески во реакцијата самиот информира дека тој, склучил Договор за закуп со, внимавајте, “Проектот за рехабилитација и продолжување на канализациската мрежа во Прилеп“.

chartSDSM

Ако Владата, односно министерот за финансии Зоран Ставрески, е еден од одговорните за управување со европските пари од Компонентата 3 од ИПА, значи лично кумот на Груевски, Зоран Ставрески го потпишал Договорот за милионскиот проект, со фирмата регистрирана токму на имотот на министерот во Владата, Миле Јанакиески?!

Ова го прави појасно чудното тврдење на Јанакиески дека склучил договор со “Проектот“ и прашањето зошто на “Проектот“ би му била потребна куќата на министерот Јанакиески.

Сега Груевски, Ставрески, Јанакиески треба да објаснат:

-Вака ли работи Владата со странски фирми во Македонија?

-За лични профити?

Јанакиески за овој случај сам соопшти дека зема кирија 700 евра месечно. За две години, за колкав период што тој тврди дека е закупена неговата куќа, во џебот на министерот ќе влезат 16.800 евра!

Друго прашање е, дали Јанакиески излажа кога тврди дека немал ништо со 30 милионскиот проект.

Ако овој проект е финансиран од Европската унија – ИПА Компонената 3, еве доказ дека истата е управувана и од министерството со коешто раководи Јанакиески. Значи ли тоа дека министерот сепак лаже?!

Последно што се дозна беше дека сопругата на министерот за привлекување странски инвестиции е сместена на висока раководна позиција во германска фирма што добива државна помош за да инвестира во Македонија.

Премногу случајности се собраа во врските на владини функционери со странски фирми.

Партизираните институции не реагираат“, вели Шилегов.

Би можело да ве интересира

Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор за сертификатот директно од ETS – СДСМ за отфрлената кривична пријава против Христовски

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Дали овој пат владејачкото мнозинство ќе го поддржи Законот за помош на настраданите од Кочани?

А1он

СДСМ: Ова е тажно – Oбвинителството е обичен инструмент за власта

А1он

СДСМ: Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и да шири инсинуации во врска со договорот

Горан Наумовски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР