(ВИДЕО) СДСМ Штип: Колку пари на граѓаните од буџетот на општината однесе река Отиња?

Од:

„Срушени пешачки мостови, поткопани темели на постојните мостови, хаварисани електрични и кабловски инсталации, наноси на земја и песок, уништени делови од кејот и коритото на реката, расфрлани рачни мешалки за бетон.

Граѓаните од централното градско подрачје, од левата страна на реката Отиња, останаа без струја. А од денеска Штип нема ниту чиста вода за пиење.

Ова се резултатите од погрешните приоритети и неквалитетни проекти на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Илчо Захариев во Штип“, рече на денешната прес конференција Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

„Иако најавен како капитален објект во Штип, за проектот „регулација на коритото на река Отиња“ граѓаните до денес не знаат дали има одобрение за градба, колку чини инвестицијата, кој го гради и кој е надзор.

СДСМ најдобронамерно укажуваше за неквалитетното работење на објектот.

Сега, градоначалникот Захариев и ВМРО-ДПМНЕ треба да им објаснат на граѓаните:

Зошто т.н. капитален објект се изведуваше без основен проект, ревизија на истиот и без градежно одобрение?

Зошто се изведуваше без хидраулична пресметка за количините на вода што треба да протечат и без статичка пресметка на ѕидовите?

Според Захариев  коритото требаше да прибере стогодишни води, а вчера се случи порој.

Во цел Штип, немаше проблеми по улиците, по отворените канали. Проблемот настана само во коритото на река Отиња и тоа не по целата должина туку токму на оној дел каде беа извршени интервенции од страна на локалната самоуправа.

Граѓаните ја плаќаат цената на погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Кој ќе ја понесе одговорноста за настанатата штета?

Колку пари на граѓаните од буџетот на општината вчера однесе р. Отиња како резултат на нестручната регулација?

Дали надлежните инспекциски органи ќе излезат на лице место и ќе направат увид на постојната состојба на отвореното градилиште река Отиња?

Каде е градоначалникот Илчо Захариев“, праша Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

Би можело да ве интересира

Почина брачна двојка: Спасувачите ги затекнаа прегрнати

Предраг Петровиќ

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драматична снимка од БиХ: Маж заглавен пред неговата куќа, спасувачите му фрлаат јаже

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати