(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Железничката станица во Прилеп пропаѓа

Од:

„Денес патувавме со воз од Скопје до Прилеп, заедно со уште неколку Претседатели на комисии од СДСМ, како и со членови од пратеничката група на СДСМ и коалицијата, при што поразговараме со повеќе граѓани кои патуваа заедно со нас.

Ги сослушавме нивните проблеми и заклучивме дека секојдневието им е преполно со тешкотии, немаат работа, живеат тешко, а условите во последните неколку години во Р. Македонија им се неподносливи. Ја делиме загриженоста заедно со нив, меѓутоа, истовремено сакавме да се увериме во она што целата јавност го виде за состојбата на возовите, преку неколкуте фотографии“, изјави Благој Бочварски – Претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

„Возовите се во катастрофална состојба, со што и целиот железнички сообраќај е во очајна ситуација. Имаме намалување од 50% на бројот на патници во последните неколку години. А од друга страна имаме зголемување на цената на билетите за 50%, во 2013 година. Во однос на товарниот железнички сообраќај имаме намалување од 35% од 2006 година до денес, така што и на ова поле состојбата е катастрофална.

Во делот на железничката инфраструктура, имаме најслаба развиена инфраструктура во Европа со 27 километри железница на 1000 километри квадратни. Така што, можеме да заклучиме дека и на ова поле го констатираме полека проблемите и ќе ги внесеме во нашата програма.

Иако ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо во овој дел, ние нашите ветувања ќе ги внесеме. Реалните проблеми го нотираме, и за наредните избори решенијата ќе ги внесеме во нашата програма, којашто ќе биде реална и остварлива“, рече Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он