(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Вaшиот предлог за иднината на Македонија

Од:

„Од денес започнуваме со спроведувањето на втората фаза од проектот „Визијата за Македонија“ во Прилеп.

Во првата фаза акцентот беше ставен на стручни дебати и трибини поврзани со петте столба од Визијата за Македонија. Во оваа втора фаза фокусот го ставаме на директниот контакт со граѓаните и вклучување на нивните идеи во програмата на СДСМ“, рече на денешната прес конференција Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ.

„Почнувајќи од денес, па се до 4-ти Декември, секој ден на различни локации во градот, ќе биде поставен штанд на којшто граѓаните на Прилеп ќе можат детално да се запознаат со петте столба од Визијата за Македонија. Истовремено, нашите тимови, ќе го посетат секој дом во Прилеп. Со единствена цел, сите да дадат свој придонес во подготовка на Програмата и остварување на заедничките цели.

DSCN0272

Овој процес ќе го заокружиме идниот месец на партискиот конгрес , на којшто ќе биде изгласана Програмата на СДСМ.

Почитувани сограѓани, заедно со Вас можеме да се спротивставиме на богатењето на една мала група луѓе предводена од Никола Груевски и да го запреме осиромашувањето на мнозинството граѓани во Македонија.

DSCN0285

Заедно да ја вратиме средната класа во Прилеп и Македонија! Заедно да се избориме Македонија да биде едно општество за сите!

СДСМ продолжува да го трасира патот кон создавање на општество на слободни и еднакви граѓани со пристоен живот за сите граѓани“, изјави Велески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски