(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Урнатини наместо современ безистен во Прилеп

Од:

„Овде, на ова место, градоначалникот Ристески вети изградба на современ безистен со деловни простории и подземен паркинг. Превземените обврски на Општина Прилеп требаше да се реализираат до крајот на 2014-та година.

И еве, на два месеци до крајот на рокот, наместо започнување на изградбата на современ деловен простор, во центарот на градот гледаме една огромна урнатина која преминува во депонија и ништо повеќе“, рече на денешната прес-конференција Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

„Ништо од капиталниот проект од 10 милиони евра! Ги нема најавените, нови 150 вработувања!

Никој не знае каде е приватниот инвеститор на кого по пат на лицитација му беше доделен овој атрактивен простор од 1.600 м2 во строгиот центар на градот.

urnatini=prilep (2)

И дали е точно дека поради односот на локалната власт се премислил за оваа инвестицијата, иако е веќе сопственик на земјиштето?

urnatini=prilep (5)

Oчигледно е дека Власта на ВМРО-ДПМНE нема волја и капацитет да обезбеди комплетно уредување на просторот. Уште помалку да изгради нов трговски центар.

urnatini=prilep (3)

Бизнис интересите за владејачката партија се над интересите на граѓаните.

urnatini=prilep (4)

Градоначалниче Ристески на прилепчани им должите одговор: Каде ја видовте економската логика во рушењето на дуќаните на ЈКП Пазари, кои носеа огромен приход за претпријатието, а заради што сега е на раб на колапс?

urnatini=prilep (1)

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески, веднаш да запрат со расфрлањето на општинскиот имот, кога не се способни да ги исполнат и наједноставните обврски кон инвеститорите кои бегаат од Прилеп“, рече Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски