(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Судските пресуди против градоначалниците се потврда за расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Миле Талевски, член на Советот на Општина Прилеп од СДСМ денеска во изјава за медиумите рече дека 12-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, оставило пустош во Општина Прилеп и во Република Македонија.

– Судските пресуди против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, се потврда за децениското несовесно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Марјан Ристески, буквално го преспа третиот и дефинитивно последен градоначалнички мандат и не работеше за интересите на граѓаните!Ристески и ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставаат огромна невработеност, задолжена општина, партизирани институции, уништено здравство и ниту еден реализиран капитален проект за граѓаните на општина Прилеп, рече Талевски.

Според него, залудни биле сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку празни отчети и лаги за бегалски кампови да се обиде да ги затскрие неспособноста, криминалот и корупцијата во своите редови.

– После 15 октомври следува детална ревизија на работата на општинската власт и преиспитување на сите сомнителни тендери и договори. Секој што работел незаконски, ќе сноси одговорност. Граѓаните ја препознаа разликата помеѓу нечесното, деструктивно и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на новата Влада предводена од СДСМ. Затоа, на локалните избори граѓаните ќе изберат нова одговорна локална власт за подобар живот на сите во општина Прилеп, рече Талевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација