(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Санитарии на ужасот во ОУ „Гоце Делчев“ Прилеп

Од:

„Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ Прилеп повторно го дочекаа стартот на учебната година со санитарни јазли како од минатиот век.

Овие слики го отсликуваат ужасот со којшто учениците од ова училиште секојдневно се соочуваат“, изјави Елена Ташкоска – член на Совет на Општина Прилеп.

„Распаднати тоалети и катастрофално лоша хигиена! Учениците постојано се изложени на разни бактерии и зарази!

Ова ли е успешниот старт на учебната година за кој кадарот на Никола Груевски, Спиро Ристовски, дури и јавно се пофали?

Очигледно и кинеската инвестиција од 300 илјади евра, наменета исклучиво за ова училиште, не беше доволна за учениците да добијат тоалети и санитарни услови какви што заслужуваат.

Каде завршија овие пари со коишто требаше да се обнови ова училиште?

Градоначалникот Марјан Ристески после 3 мандати и потрошени речиси 200 милиони евра општински пари, ги остави учениците од ОУ Гоце Делчев, без основни услови за хигиена.

Доста беше. Нашите деца заслужуваат подобро образование, подобри услови, вредности и знаења.

По демократските промени, на 11-ти Декември, новата Влада на Република Македонија предводена од СДСМ ќе започне со вистински реформи во образованието“, рече Елена Ташкоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он