(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Незаконитости во Терминал-Комуналец Прилеп

Од:

„Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп е во паника после објавувањето на Вистината за Македонија.

Управниот одбор на ЈКП Комуналец на вчерашната седница го разреши раководителот на „Терминал – Комуналец“, Миленко Тодески и на негово место за ВД раководител го постави Рубин Абрашоски“, изјави на денешната прес конференција Звонко Јованоски, член во Советот на Општина Прилеп.

„Прилепчани треба да ги дознаат причините за неговото разрешување.

Според предлог точката 7 од дневниот ред, се бараше утврдување на одговорност на раководителот на „Терминал – Комуналец“ заради незаконско работење, односно незаконско задолжување на ЈКП „Комуналец“ со фактура за паркинг просторот и фактура за вагање, без одлука на Управниот Одбор. Како што се вели во истата точка, фактурирал кога сака!

Што се случи и кој направи притисок ова незаконско работење и задолжување, на самата седница да се преформулира во донесување на Одлука за спорни фактури. Бараме одговор од директорот Златко Ристески и прашуваме: Дали е ова обид за прикривање на криминал?

11111

Јавното обвинителство е должно да покрене постапка за кривично дело по допрен глас за незаконско работење на раководителот на „Терминал – Комуналец“.

Советничката група на СДСМ неколку години и во повеќе наврати, бара од градоначалникот Марјан Ристески да одговори, дали намерно „кумува“ на недомаќинското работење на ЈК Претпријатија со непоставување на внатрешен ревизор, во рамки на Локалната самоуправа?

Зошто неспособните менаџери на ЈК Претпријатија во континуитет го ставаат во заблуда Советот на Општина Прилеп, доставувајќи позитивни завршни сметки, без ниту еден збор за откриени неправилности во работењето?

Братучедот на Марјан Ристески, Златко Ристески ќе мора да понесе одговорност за ова што се случувало во ЈКП Комуналец а градоначалникот Ристески за работењата на јавните претпријатија во Прилеп“, рече Звонко Јованоски, член во Советот на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите