(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Одложени сите операции во прилепската болница

Од:

„Со својата неодговорност и негрижа за здравјето на прилепчани ВМРО ДПМНЕ ја блокираше работата на прилепската болница Борка Талески.

Од пред неколку дена, се одлагаат сите операции на хирургија, гинекологија, ортопедија, како и на очното и ушно одделение во болницата.

Граѓаните се оставени сами на себе, за каква било каква хируршка интервенција се упатуваат во другите болници низ државата“, рече на денешната прес конференција Сашо Велески – претседател на ОО СДСМ Прилеп.

„Причина за ова се неисправните апарати за анестезија, кои воопшто не биле сервисирани. Одделението за анестезија и реанимација, долго време е во катастрофална состојба, а моментално е оставено и без раководител.

Се потврдува дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, немаат капацитет да обезбедат квалитетна здравствена заштита за граѓаните на општина Прилеп.

Прилепчани се оставени на милост и немилост на лошите состојби со Јавните здравствени установи во Прилеп и на неодговорноста на власта во заминување.

Граѓаните на Прилеп живеат во невидена сиромаштија и немаат средства за приватни лекувања, како и најголем дел од граѓаните во државава.

За ваквиот потценувачки однос кон здравјето на прилепчани, и за евентуалните несакани последици, одговорност ќе има!

Го повикуваме градоначалникот Марјан Ристески, да покаже барем малку интерес за катастрофалната состојба на прилепската болница“, вели Сашо Велески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски